Уапсени крадци од Куманово, затекнати како крадат гориво од паркирани возила

Синоќа, околу 21 часот, во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д. С. (52) и С. М. (55), двајцата од Куманово.

Тие биле затекнати како од две возила оставени на паркинг, сопственост на јавно претпријатие во кое работеле, со црева одзеле гориво од резервоарите. Кај нив биле пронајдени и одземени седум пластични канти со гориво и две црева.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе им бидат поднесени соодветни пријави, соопшти полицијата.