Украл 50 литри гориво од градежна машина на автопатот Кичево - Охрид

СВР Охрид соопшти дека е уапсен 59-годишен маж од Дебарца кој украл 50 литри гориво од градежна машина што работела на автопатот Кичево - Охрид.

Полицијата на СВР Охрид половина час по полноќ го уапсила Н.С. (59) од село Требеништа, општина Дебарца.

Од МВР информираат дека тој претходно бил фатен како крадел гориво од градежна машина на автопатот во изградба Кичево-Охрид, при што биле пронајдени две пластични галони со околу 50 литри гориво. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.