Уапсен турски државјанин поради криумчарење

Вчера во 05.00 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Е.О.(58) од Република Турција.

Откако му направиле контрола на автобус од марката “мерцедес“ со турски таблички, кој го управувал, во багажниот простор биле пронајдени 20 пакети и 28 кутии различни производи, кои подлежат на царинска контрола, а за кои не поседувал никаква документација.

Пронајдените работи веднаш биле одземени, додека лицето било задржано во полициска станица. Од МВР велат дека откако ќе го документираат случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.