Уапсен Турчин на ГП Блаце, му фалеле страници во пасошот

Вчера во 13.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле С.С.(44) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостигаат две страници.

Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.