Уапсен 23-годишен тетовец, ја претепал сопругата па лежерно се шетал низ град

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, околу 17.10 часот, на улицата 29 Ноември во Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот тетовец В. К.

Тој претходно бил пријавен од 20-годишната сопруга дека физички ја нападнал.

Бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок, соопшти полицијата