Турчин уапсен на „Деве Баир“

На 08.09.2023 во 10:50 часот на граничен премин „Деве Баир“ од полициски службеници е приведен A.Ј.(39) од Р.Турција, кој управувал минибус „мерцедес“ со турски национални ознаки.

При извршена пасошка контрола било констатирано дека меѓународната зелена карта на возилото, која ја приложил, е фалсификувана.

Лицето е предадено на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка, соопштија од полицијата.