Се апсеше на повеќе локации низ Македонија поради поседување дрога

Во текот на вчерашниот и денешниот ден МВР на повеќе локации има уапсено повеќе лица за поседување на дрога.

- „Во текот на вчерашниот ден во 18.00 часот на улица „АСНОМ“ во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода О.Ѓ.(43) и К.Б.(49), двајцата од Велес, затоа што при преглед на возилото во кое се превезувале била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“.

- „Во 19.00 часот на наплатна станица „Сопот“, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода Л.М. затоа кај него биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и кафеава грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.

- „Во 20.15 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.К.(47) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

- „Во 21.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“.

Денес во 02.10 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Ѓ.(53) и Е.А.(50), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.