Три скопјанки искасани од кучиња скитници

Три скопјанки пријавиле во полициските станици дека биле искасани од кучиња скитници, извести МВР

На 21.4.2024, во 11.15 часот, во Полициската станица Центар, 48-годишната С. М. од Скопје пријавила дека на улицата Јужен булевар во Скопје била касната од куче скитник.

На 21.4.2024, во 22.35 часот, во Полициската станица Центар, 78-годишната Л. Ц. од Скопје пријавила дека на улицата Народен фронт во Скопје била касната од куче скитник.

На 21.4.2024, во 23.30 часот, во Полициската станица Карпош, 69-годишната Ш. А. од Скопје пријавила дека на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје била касната од куче скитник.