Три пријатели кои ни се потребни за да бидеме среќни

Истражувањата покажуваат дека на луѓето им се потребни три до пет пријатели за да бидат среќни.

Photo by Nicole Herrero on Unsplash

Според Лорен Наполитано, клинички психолог, потребни ни се следниве пријатели.

Блиски пријатели

Блиските пријатели се оние луѓе кои ги знаеме со години и со кои споделуваме речиси сè. Иако постојат периоди кога не сме во контакт, сепак тие се луѓето кои минале низ речиси сите периоди во нашиот живот и обратно. Ваквите пријатели се најважни за менталното здравје. Во нив не постои страв дека погрешно ќе бидеме сфатени, ниту пак осуда за нашите грешки.

Пријатели од работа

Емоционалната поддршка од колегите е важна за сите нас. Без оглед на тоа во каква компанија работиме, важно е да имаме една или повеќе личности со кои можеме да се поврземе и да си дадеме поддршка и поттик низ различни фази и процеси низ нашата работа.

Пријатели со кои минуваме низ исти искуства

Овие луѓе не ги познаваме долго, но со нив се поврзуваме кога минуваме низ исти искуства или проблеми. За некои, тоа е мајчинството, за други тоа се пријателите со кои одиме на јога или пак луѓе кои се можеби во ист процес на барање работа како нас. Со нив е полесно да се поминат одредени ситуации и периоди бидејќи тие најдобро разбираат низ што минуваме.