„Три писма од Сараево“ на Горан Бреговиќ во ВИП Арена

Во ВИП Арената во Скопје вечер ќе биде изведен проектот – виолински концерт „Три писма од Сараево“ на Горан Бреговиќ со Македонската филхармонија и со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“.

Концертот е компониран за класична, ориентална и клезмер виолина, со настап на тројца солисти од Србија, Тунис и Израел. Со него Бреговиќ нуди сопствена уметничка визија на нов, помирен, толерантен, мултикултурен и мултиконфесионален свет.  Проектот премиерно беше претставен во Париз во 2016 година.

-„Three letters from Sarajevo“ е најпродаван еthno world албум во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка. Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник „Гардијан“, соопшти Авалон-продукција која го организира вечерашниот концерт во Скопје.

Продукцијата соопшти дека познатиот музичар на концертот ќе изведе и некои од неговите познати хитови.

cheap nike air max 90