Три лица работници од Непал исчезнале од Скопје

Вчера во 11.25 часот во Полициската станица Карпош, Р.И.(64) од Скопје, во својство на управител на правно лице од Скопје, пријавила дека три машки лица од Непал на возраст од 26, 36 и 43-годишна возраст се оддалечиле од местото каде престојувале, а биле вработени кај правното лице.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатите работници и за утврдување на околностите под кои се оддалечиле од местото на престој.