Трајановски и Трајковски на средба со граѓани од Автокоманда на новиот паркинг

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, членови на Советот на општина Гази Баба и претставници од општинската администрација и Јавните претпријатија, имаа работна средба со жителите од УЗ Автокоманда, на која се промовираше новиот парконг простор кој се наоѓа помеѓу улиците „Лазар Поп Трајков“ и „Бапчор“, кај амбулантата во населбата Автокоманда.

Новиот паркинг простор е со површина од 1.375 метри квадратни и паркинг места за околу 40 возила.

Вредноста на овој проект е 3.830.000 денари.

Заедно со жителите од Автокоманда беше посетено и спортското игралиште каде се поставува вештачка трева, чија изградба е во тек.

Игралиштето е со димензии 20х40 метри, а вредноста на договорот е 2.125.000,00 денари.

nike air max 1 sale