АД за стопанисување со станбен и деловен простор почна со наплата на паркирањето околу стадионот „Тодор Проески“ во Скопје. Од пред една недела со рампи е заграден просторот околу стадионот кој досега беше слободен за паркирање.
Според ценовникот, еден час паркирање чини 50 денари, а има 260 паркинг места. Се издаваат и месечни паркинг карти, кои за физички лица чинат 2.500, а за правни 3.000 денари.