Денеска е неработен ден.
Поради државниот празник 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба, денеска, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, ќе работат две билетарници, а Жичарницата ќе функционира вообичаено, соопштија попладнево од ЈСП Скопје.
- Дежурни од осум до 14:00 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар - на излез и билетарницата во Ѓорче Петров. Жичарницата ќе работи од 10:00 до 18:00 часот, притоа 17:00 - 17:30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре, односно во 17:45 часот е последно возење од горе надолу, велат од ЈСП.
ЈП „Градски паркинг“ - Скопје, пак, информира дека, на Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, на јавните површини наменети за паркирање (зонско), т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.
Редовна наплата ќе се врши на Зона А0 - Водно, Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“, како и на јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.
ЈП „Градски паркинг“ - Скопје на сите граѓани им го честита Денот македонската револуционерна борба 23 Октомври.