Тошковски: Веќе за пасош не се чека со јамболлии и јоргани, ама обрасците ќе се потрошат до средината на мај

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека обрасци за новите патни исправи има само до средина на мај. Тој притоа објасни дека месечно се изработуваат од 75.000 до 80.000 пасоши, што е многу повеќе од претходниот месец.“

Најдоцна до средината на мај ќе се исцрпат обрасците што ги имаме. Целта е во насока да обезбедиме дополнителна количина, да продолжи континуитет, да не ги заклучуваме машините и да не се повтори состојбата што ја начекав кога стапив на функцијата пред еден месец. Потоа ќе пристигне поголема пратка на обрасци во јуни“, рече Тошковски.

Министерот додаде дека со реорганизација можело да се зголемат бројките и да има ред.

“Веќе не е хаотично со јамболлии и со јоргани луѓето да чекаат пред полициските пунктови, туку си одат со закажани термини. Зголемени се бројките на фотографирани“.

Тој очекува веќе во март да бидат фотографирани над 100.000 граѓани, но вели дека е факт оти генералниот проблем нема целосно да се реши во следниот период бидејќи заклучно со 12 февруари требало да бидат обновени над 2 милиона 150.000 лични документи со старото име, но таа цел е неостварлива.