Тexas на 28-ми септември во СРЦ Кале

Одложениот фестивалски настап на Тexas ќе се претвори во целoвечерен концерт на 28-ми септември во СРЦ Кале. Бендот ќе настапи со best off сет, во траење од 100 минути, информираат од Авалон.

За вечерта да биде уште поспектакуларна, се погриживме Texas да имаат многу специјални гости- македонската рокенрол група АРЕА, која ќе настапи истата вечер како нивна предгрупа.

Исто така како што сте од порано информирани, влезниците коишто не се вратени, а беа купени за 23-ти јуни ќе важат и за настапот во СРЦ Кале, а оние што немаат влезници, ќе можат да ги набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, Jуготон и онлајн на avalon.mk, по следниве цени:

ПАРТЕР- 1.000 денари
ФАН ПИТ- 1.500 денари
ТРИБИНА- 1.500 денари