Тест: Изберете ја месечината која највеќе ви се допаѓа и дознајте што ве очекува во љубовта во наредните месеци

Изберете ја месечината која највеќе ви се допаѓа и дознајте што ве очекува во љубовта во наредните месеци.

Шарена месечина

Вашата психа е многу силна, а имате и силна интуиција. Секогаш ги разгледувате сите можности пред да донесете одлука, а тоа ќе ви биде од најголема помош особено кога станува збор за вашата егзистенција во иднина. Бидете трпеливи во вашите напори и вашиот труд ќе се исплати. Одлуките кои сте ги донеле во минатото поради кои се чувствувате изгубено, конечно ќе се покажат како одлични избори. Во добар период сте за инвестирање и преземање нови предизвици кои вам можат да ви донесат најголем просперитет. Ве очекуваат радост и среќа, но не заборавајте да го споделите тоа со семејството и пријателите. Влегувате во период кој е одличен за љубов и емоции, во воздухот има енергија за страст.

Син месец

Не би требало да ризикувате – ни на планот на љубовта, ниту пак на планот на финансиите. Тоа едноставно не  е во ред. Не го ставајте животот во ничии раце. Време е сами да се изборите за подобри денови, без да очекувате помош од другите. Никој тоа нема да го направи подобро од вас. Бидете внимателни, некој може да ве изигра на финансиски план. Ако не сте во врска, ве очекува страствена љубов, но морате да и се препуштите.

Розев месец

Големи приходи ве очекуваат за неколку месеци. Тоа би можело да се случи поради унапредување на работата, поради вашите напори или некои нови функции кои би ви донеле добра заработка. Кога станува збор за љубовта, доаѓа период без многу грижи и проблеми. Но, исто така и време кое не вклучува голема посветеност и одговорност.