Тешко повреден работник при увид на градежен лифт

На 8 декември 2021 околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен В.К.(53) од Скопје.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи на подрачјето на Центар, при увид на градежен лифт.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот бил известен трудов инспектор.