Тешка сообраќајка вечерва на „Партизанска“ кај „Сити Мол“

Тешка сообраќајка во која учествувале возила се случи доцна вечерва на булеварот „Партизански одреди“ во непосредна близина на трговскиот центар „Сити Мол“.

Сообраќајот на булеварот во моментов се одвива во една коловозна лента, а полицијата врши увид во несреќата. Парчињата од стакло и метал на булеварот сведочат дека станува збор за силен удар помеѓу двете возила. 

Според информациите на очевидци, во несреќата има и повредени, а пред половина час интервенирана Итната помош.

Повеќе информации од Министерството за внатрешни работи се очекуваат за утрешниот ден.