На наплатната рампа „Петровец" се случи страшна сообраќајна незгода попладнево. Автомобил марка Пежо се судрил со возило, на патот од Велес кон Скопје.
Засега не е познато како дошло до несреќата, но според фотографиите кои се објавени на Фејсбук групата, "Ѕид на сообраќајниот срам", може да се види дека пежото е целосно смачкано од страната на возачот.