Тече ли златна вода во општинските чешми? Аеродром за една чешма платила 65 илјади денари

Изминатите денови на социјалните мрежи беа споделени објави на кои се гледа  набавка на корпа за отпадоци во општина Аеродром која чини 300 евра, а сомнителните набавки во општина Аеродром продолжуваат

Утрово на ФБ статус објавен од страна на Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ,  Дејан Митески, жителите на општина Аеродром реагираат за сомнителние набавки во општината.

Според објавата може да се забележи дека една чешма за пиење вода чини ни помалку ни повење 65.000 денари, а доколку копчето на истата треба да се промени, истото би чинело фантастични 7.000 денари.

Чешма за пиење вода во Општина Аеродром чини денари. Клопчето се одмотува... Златко Марин ќе одговараш!

Posted by Дејан Митески on Wednesday, April 21, 2021

Во договорот кој е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки стојат токму тие цени,  но таму е наведени и дека за затворање  на вентилот на почетокот на есента, општината треба да плати 6.000 денари, додека пак отварањето на истиот на почетокот на пролетта општината би ја чинело цели 6.600 денари.  

Се поставува прашањето: дали од општинските чешми тече златна вода која толку многу ги чини жителите на Аеродром?