Тарчуловски: Првото кафе како градоначалник ќе го испијам со сопругата

Јохан Тарчуловски рече дека првото кафе како градоначалник на Кисела Вода, ако биде избран, ќе го испие со сопругата Соња.

Тој информира дека претставниците на ОБСЕ/ОДИХР со кои имал средба, побарале од него со нив да го испие првото кафе како градоначалник.

„ На барање на ОБСЕ/ОДИХР, остварив средба со постојаните претставници г-дин Хелмут Госер и г-ѓа Маркета Неквиндова…Разговорот го завршивме со тоа што морав да ги разочарам. Побараа од мене заедно да го испиеме првото кафе како градоначалник на Кисела Вода. Сепак, првото кафе ќе го испијам со мојата сопруга, мојата најголема поддршка и љубов. Второто кафе им го ветив нив“, вели Тарчуловски.

Тој, исто така, наведе дека на средбата разговарале за текот на кампањата на локалните избори како и за неговата програма.

„Постојаните набљудувачи изразија голема загризеност за самиот старт на кампањата кога нашиот изборен општински штаб беше искршен и демолиран.  Како што кажав и тогаш, се надевам и несакам да верувам дека е тоа дело и чин на приврзаниците на мојот против кандидат. Се обврзавме и потпшавме кодекс за фер и демократски избори , кој јас и моите подржувачите на ВМРО – ДПМНЕ максимално го почитуваме. Се надевам дека истото се почитува и ќе се почитува доследно до крај и од страна на противкандидатот на СДСМ“, вели Тарчуловски.