Места во Скопје каде може да се напиете одлично кафе

Ритуалот на пиење кафе во локалните кафулиња и кафеани на скопјани датира уште од дамнешно време.Луѓе седнати во кафулињата уште од утринските часови со филџан кафе и весник или пак на трач парија со пријателите, оваа слика не е многу променета и денеска.

Денес додека сите „нормални“ луѓе пијат кафе наутро, во Скопје се пие најмногу попладне. Покрај тоа што тој период од денот се смета за време во кое луѓето се на работа, веќе по 12 часот култните кафулиња и локали во градот се преплавени од гости.

Еве неколку наши предлози каде може да се напиете одлично кафе:

Гет кафе

Местокаде можете да се напиете одлично макијато, секогаш  е пријатно и кога ќе седнете можете и да не приметите дека поминале неколку часа.

7 г еспресо студио

Ова место има посебен шарм, прекрасен амбиент и одлично кафе да ви е мерак да седнете!

Кашмир кафе

Одлична музика, затемнети светла, ориентална атмосфера се дел од компонентите кои го прават вашето кафе уште поубаво.

Наргиле

Турското кафе сервирано на автентичен начин со локум. Мирисот на кафето и атмосферата прават да се чувствувате како да сте во некое друго време.

Кафе Ли

Ова место е совршено за сите што сакаат додатоци со кафето, Кафе Ли навистина знае да ве однесе директно пред портите на рајот со начинот на сервирање на вашето омилено кафе.

Cofee Factory

Одлично концепиран локал, со услужен персонал и голем избор на кафе. Сместен во градското лудило, уживајте во топлата амтофера и правете конверзација со кафето до вас. 

Проверете каде во градот можете да јадете вкусна пица и бургер.

Предлог места: Каде може да се најде највкусна пица во Скопје?

Предлог места за убав бургер во Скопје