СУГС „Сарај“ ќе добие училишна спортска сала

Средното училиште на Град Скопје „Сарај“ ќе има нова училишна спортска сала во која ќе се изведува наставата по физичко образование. На почетокот на изградбата на новиот спортски објект денеска присуствуваа градоначалникот Шилегов, премиерот Зоран Заев, министерот за образование Арбер Адеми, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

- Учениците на ова училиште во иднина нема да мораат да посетуваат настава по физичко образование во училишниот двор. Град Скопје се вклучува во изградбата на оваа спортска сала преку обезбедување на целата потребна документација за изградба на салата и приклучоци за електрична енергија, вода, канализација, парно и телефон. Во СУГС „Сарај“ годинава настава ќе посетуваат над 600 ученици. Училиштето постои 3 години и бележи тенденција на раст на запишани ученици во прва година. Оваа година во училиштето се запишани 200 ученици, поделени во 6 паралелки, од кои четири за гимназиско образование, а две за економско-стручно образование. Имајќи предвид дека станува збор за ново училиште, Градот е подготвен да излезе во пресрет на потребите за подобрување на условите за настава во ова училиште – рече денеска Шилегов.

Изградбата на оваа сала е трета инвестиција на Град Скопје во Сарај по изградбата на патот за Рашче и реконструкцијата на патот за Матка.

- Во оваа општина наскоро ќе направиме многу повеќе. Во таа насока, работиме на ревитализацијата на езерото „Треска“, а во план е и изготвување на Закон за заштита на Матка. Како што веќе знаете, Градот ова лето реконструираше 19 средни училишта во Скопје, од кои 13 училишта добиваат енергетско-ефикасни фасади, со пренамена на средствата кои беа предвидени за криминалниот проект Скопје 2014 – нагласи Шилегов.

Како новитет, од оваа учебна година сите средношколци независно од местото на живеење ќе имаат можност да користат бесплатен превоз. Градот од својот буџет обезбеди средства за дополнителни над 2.000 ученици кои до сега не ги исполнувале условите за користење бесплатен превоз.

cheap nike free run 5.0