Општина Кисела Вода ја презема спортската сала „Расадник“

Општина Кисела Вода го презеде управувањето со спортската сала Расадник, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски кажа дека општина Кисела Вода ја преземала салата „Расадник“ на трајно користење без долговите кои ги имала и наскоро ќе почне процес за целосна реконструкција.

-Ја презедовме без долговите кои ги имаше и започнуваме процес за нејзина темелна реконструкција. Со овој чин, ставаме крај на 30-годишната негрижа која овој објект го претвори во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор кој од најголема гордост, стана најголем срам, не само за Кисела Вода, туку и за цела Македонија. Расадник повторно ќе биде центар на најголемите спортски случувања, повторно ќе биде дом на црвено- црните и на сите други значајни клубови. Место од каде ќе одекнуваат аплаузи и навивања, место каде ќе се слави успехот, објави Ѓорѓиевски.