Општина Кисела Вода со проект за реконструкција на салата „Расадник“

Во салата Расадник се калеле спортските легенди на Вардар, a сè уште се свежи сеќавањата на полните трибини од кои публиката имала можност да гледа врвна кошарка, одбојка, ракомет.

-Жално и недозволиво е спортски објект кој, не само за Кисела Вода, туку и за Скопје, е симбол на едни убави спортски времиња да биде жртва на децениска запоставеност. На овој начин, сакаме да го започнеме процесот за враќање во живот на овој храм на спортот. Се надевам дека не само советниците кои денес едногласно ја поддржаа идејата, туку и сите наши жители се согласни дека сериозно треба да се зафатиме со реконструкција, но и со менаџирање на салата ,,Расадник”, која треба повторно да биде дом на спортот и расадник на идните спортски легенди, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Салата ,,Расадник” сѐ уште е во надлежност на Јавното Претпијатие за стопанисување со спортски објекти, кое во моментов е под директни ингеренции на Владата и има задача да стопанисува со државни спортски објекти, како и да инвестира во нови спортски комплекси.