Судир на 3 возила на локалниот пат за Љуботен, повредени 12 лица меѓу кои и деца

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на локалниот пат за скопското село Љуботен. Во несреќата учестувале патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(61), од Љуботен, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.М. (54) од скопското село Ласкарци, и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.И. (19) од Љуботен.

Во несреќата, како што информираа од МВР, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фолксваген голф“ Џ.М. (55) од Љуботен, а тешко биле повредени и тројцата возачи и осумтемина сопатници од возилата „форд“ и „фолксваген голф“, од кои тројца се малолетни, според констатацијата во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увидна екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на настанот.