Србин измамен во Скопје: За лажна сообраќајка му земале 300 евра

Полицијата информираше дека вчера во 13.40 часот во СВР Скопје, С.А.(63) од Р.Србија, пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар.

- Според пријавеното,  едното се претставило дека е од Обединети Арапски Емирати кое разбира малку српски јазик и побарало од С.А. да им преведе од албански на српски јазик околу наводна сообраќајна незгода претходно случена помеѓу нив. Како што е пријавено, истото лице му побарало на С.А. на заем 300 евра за да се раздолжи со другото лице за наводната сообраќајна незгода, кои ќе му ги врати откако ќе извади пари од банкомат, а како гаранција му оставило три копчиња во форма  на дијаманти. Според пријавата, откако С.А. ги дал парите, двете лица избегале, по што сфатил дека е измамен, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.