Сериозен инцидент во Љуботен: Искршени преку 30 гробови на православните гробишта (фото)

Сериозен инцидент се случи вчеравечер во село Љуботен, каде што преку 30 гробови се искршени на православните гробишта.

Гробиштата се наоѓаат во дворот на црквата Св. Никола во с. Љуботен, која е заштитена под Министерството за Култура како културно наследство.

Полицијата извршила увид на лице место и направен е записник.

Фото: Курир