Странците сакаат да знаат се за историјата на Црешовото топче

Дрвените топови во светот се познати уште од 15 и 16 век кога ги користеле тогашните воени сили, но само црешовото топче, кое во Македонија се правело непосредно пред Илинденското востание, стана митско.

Во борбата против далеку помоќна османлиска војска, тоа стана симбол на непокор на македонскиот народ.

Бурната историја на црешовото топче повторно ја разбрани јавноста по најновата и најверната копија која беше изложена во холот на Музејот на Македонската борба во Скопје.

Посетителите не пропуштаат можност да се фотографираат покрај топчето кое навистина изгледа импресивно во однос на неговата блискост на оригиналот. Тие не пропуштаат можност да ме распрашаат за неговите карактеристики, како настанало. Посебен интерес покажуваат и странците кои гледаат и каква муниција се употребувала. Сакаат да знаат и за историските факти за топчето, а кога се зборува за македонската борба, еден од најзначајните и најинтересните симболи на македонската револуционерна борба е Црешовото топче".

Се започнало во Бигорскиот манастир

Првиот топ од црешово дрво, го изработил калуѓерот Григориј непосредно пред Илинденското востание во манастирот "Св. Јован Бигорски" и потоа им го предал на востаниците. Овој топ немал долг век на траење, бидејќи по првото испробување се распрснал, а иста судбина имале и неколкуте изработени во приближно ист период. Ги изработувале и ковачи, колари и бочвари и ги предавале на востаниците кои биле слабо вооружени. Во споредба со османлиските модели на топови ова наше топче речиси и да немало некаква огнена моќ, но сепак, значењето му било многу поголемо и поважно. Да го охрабри народот, да ја изрази непокорноста и отпорот.

Непосредно пред самото востание Крушевскиот реонски штаб, крушевското началство, издало наредба да се изработат дрвени топови. Таа наредба му била дадена на Тодор Христов - Офицерчето, кој бил највешт во скицирање на ова оружје, и тој направил една скица којшто подоцна Никола Карев им ја предал на Цветко Стојчев и Тодор Борјан од селото Селце за да го изработат. Од седум трупци при сушењето дел испукале, па во одбрана на Крушевската Република останале само четири", вели Стојчев. 

Оригиналното црешово топче во Истанбул, Турција

При една посета на македонската делегација од Министерството за одбрана и АРМ на Република Турција во 1997 година, откриено е Црешово топче во музејот "Аскер" во Истанбул. Тоа бил и единствениот преживеан учесник" на Илинденското востание, Црешовото топче коешто ја носеше декларацијата чувана во депото и до тогаш неизложувана во јавност, Монастир 1903, односно Битолски револуционерен округ 1903. При активностите што уследија подоцна тој артефакт е донесен во Македонија на 100-годишнината од Илинденското востание.

Според строгите закони за музејско работење особено кога станува збор за воен трофеј кој османлинската војска го заробила во борба со нашите востаници многу тешко беше овој експонат да се остави во Македонија, односно да се задржи трајно. Тој експонат денес се наоѓа во еден од најголемите воени музеи во светот, Музејот на вооружените сили на турската армија, во Истанбул заедно со уште 85000 вредни експонати ", вели Стојчев. Топчето тогаш било измерено и фотографирано, а по негов урнек е направена и најверната копија на оригиналот кој сега е во Музејот на револуционерната борба.

cheap nike free run 5.0