Одиме во Германија: Колку пари ви се потребни за да преживеете во омилената држава на Балканците?

Може ли со плата од 1200 евра да се преживее во омилената држава на Балканците?

Ова прашање на Фејсбук го постави Стивен во групата „Одиме во Германија“, а одговорот кој го добил открива многу за животот на Балканците во државата од соништата.

„Плата од 1190 евра го Германија! Дали со овие пари може да се преживее? За станот давам  600 евра, храна 200 евра, два мобилни телефони и интернет 70 евра, и ми остануваат околу 300 евра месечно за гардероба, да се прошетам за викенд “, обајснува Стивен.

Во коментарите копјата се кршеа околу цената за храна.

„Не можете 200 евра месечно да дадете за храна. Таа сметка е валидна ако јадете само салама“, му одговори Јасмин.

Сметките почнале да се редат.

„Ние сме тројца, а се храниме квалитетно за само 250-300 евра месечно. Во Германија квалитетната храна е многу поевтина, отколку секој ден да купувате салама и конзерви, кој се по минимално едно евро или две максимум, напишал Далибор.

Петар дури и ја фотографирал својата вечера, која го чинела две евра. Тестенини 80 центи и две конзерви риби (по шест парчиња од по три евра).

Во Германија може месец дена да се јаде за 200 евра, но клучот е во тоа да оброците се подготвуваат  дома. Во рестораните речиси да не излегува никој, а пожелно е и да се нарача храна.

Повеќето се согласиле дека со една плата во Германија може да се живее многу тешко. Минимум 1500 евра, смета Радован.

„Со една плата во Германија, која е сепак сигурна, може да се живее. Ако работат двајцата, без оглед што имаат деца, може и да се заштеди. Храната и опремнина за станот може да се купува секоја недела. Многу од тоа има и на акции. Секогаш гледам тоа да е производ од Германија“, пишува Марија.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.