Фото: Што најмногу сакаат да сликаат странците, кога ќе дојдат во Скопје

Странците го сакаат Скопје. Тоа го покажуваат и податоците кои велат дека бројот на странски туристи во главниот град постојано се зголемува.

Доаѓаат од целиот свет. Некои за работа, некои за прошетка. Уживаат во она што може да го понуди главниот град и неговата околина.

Од сликите кои странците ги споделуваат на Инстаграм, може да се забележи дека најмногу уживаат во Старата скопска чаршија, во централното градско подрачје и со сигурност на прво местo е кањонот Матка.