Стартуваше голема еколошка акција во Гази Баба

На подрачјето на општина Гази Баба, во урбаните заедници, започнува голема есенска еколошка акција за расчистување на улиците, дивите депонии и поголемите паркови.

– Денеска 60 вработени во Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ започнаа со расчистување во н. Автокоманда и н. Железара, утре ќе се расчистува во н. Триангла, н. Маџари и н. Хиподром, а во петок ќе се расчистува во н. Ченто. Ваквите активности ќе се спроведуваат во континуитет, соопштија од Општина Гази Баба.

Градоначалникот Бобан Стефковски, присуствуваше на почетокот на акцијата, каде се сретна со вработените во ЈКП и посочи дека целта на општината е Јавното комунално претпријатие да биде вистински сервис на граѓаните, а општината континуирано ќе вложува во модернизација на механизацијата за успешно спроведување на активностите