Попладнево „Априлијада“ на плоштадот во Автокоманда

Денеска, со почеток од 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи априлијада.

За добрата детска забава ќе бидат задолжени Светот на Биби и детскиот фестивал Поточиња, а дечињата ќе имаат можност да другаруваат со омилените ликови од детските цртани филмови.

Ги покануваме граѓаните да присуствуваат, велат од локалната самоуправа на Гази Баба.