Стартуваше целосна реконструкција на неколку улици во Бутел

Денес започна целосна реконструкција на нови улици во општина Бутел, информираше првиот човек на општината Дарко Костовски. 

- За прв пат по машинското гребење и поставување на нов тампон ќе добијат асфалт неколку улици. Градежната експанзија се одвива со силна динамика, вели Костовски и додава дека етапно согласно планот за работа продолжуваат во сите населени места.

Еднаков и рамномерен развој на сите населени места, дециден е Костовски.