Се негува маалскиот живот во Бутел: Ќе никне ново игралиште во Кучевачка Бара

Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски соопшти дека старото фудбалско игралиште во населеното место Кучевачка Бара ќе блесне во ново руво. 

- Новиот спортско-рекреативен центар ќе се протега на површина од 2.000 м2 и ќе има многу нови содржини. Зачувување и негување на маалскиот живот е наша цел и за тоа ќе се борам додека трае мојот мандат, порача тој на својот официјален фејсбук профил. 

Новиот спортски-рекреативен центар ќе содржи:

- Ново фудбалско игралиште со високо квалитетна вештачка трева.

- Младите ќе добијат ново фудбалско игралиште на кое што пораснале и се дружеле нивните родители.

- Ново детско игралиште кое ќе го замени старото и уништено игралиште.

- Нов летниковец и нови клупи

- Нов парк и нова зелена површина.

- Маалскиот дух се чува и негува. Општина Бутел се менува! - порача Костовски.