Стар Аеродром доби нова градинка во која ќе се згрижат 200 деца

Општина Аеродром добива нова градинка со капацитет за згрижување на над 200 деца.

Градинката е лоцирана во Стар Аеродром на површина од 1700м2, има 8 занимални со сопствени тоалети и најсовремени услови за згрижување на најмладите.

Градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со претседателот на Советот на општината Дејан Митески и раководните лица на градинката, денеска извршија увид во активностите во новиот објект кој наскоро ќе започне со работа.

-Аеродром, како и другите скопски општини, се соочува со огромен проблем со изнаоѓањето капацитети за згрижување на стотици деца. Токму затоа, главна заложба на градоначалникот Муцунски и новата општинска администрација е што побрзо решавање на овој проблем и итно зголемување на капацитетите, информираа од општината. 

Покрај оваа во Стар Аеродром, нови градинки и доградба на постојните ќе има и во Мичурин, во близина на кулите Џевахир, во Населбата Лисиче и на неколку други локации низ општината. Вложувањето во подобрување на инфраструктурата за најмладите е наш врвен приоритет. 28.7.2022 Општина Аеродром, велат од општина Аеродром.