Станбен или потрошувачки кредит - граѓаните се подлабоко влегуваат во кредитните картички и заглавуваат во долгови

Граѓаните се подлабоко влегуваат во кредитните картички и заглавуваат во долгови. Истовремено освен долгот, расте и побарувачката за потрошувачките кредити.

Речиси половината од кредитите се потрошувачки, а потоа следуваат станбените. 

Најмал е интересот за автомобили на кредит. Оваа категорија веќе извесно време се намалува. 

Статистиката на НБРМ покажува дека Македонците повеќе се задолжувале, но и поредовно си ги плаќале кредитите.