Станав мајка на 16 години, а сопругот имаше 17 - над 1.000 тинејџерки годишно во Македонија стануваат мајки

-Бевме во врска шест месеци. За кратко јас останав бремена. Имав 16 години, а тој 17. Немавме извор. Кажавме на родителите и се замвме. Со години не издржуваа и нас двајцата и бебето...

Македонија ги има скоро истите проблеми со сексуално-репродуктивното здравје на адолесцентките како и земјите во развој. Пристапот до сексуално образование, контрацепција и лекарски услуги е ограничен, а поради тоа ризикот од несакани бремености и сексуално преносливи болести е доста висок. 

Посебно ранливи се припадничките на малцинските заедници, пред чиишто прекршени човекови права, малолетнички бракови и напуштање на училиштата, институциите неретко замижуваат вадејќи се на традицијата и навиките на тие заедници.

Во случаи на малолетнички бракови, кога се повикуваат институциите да интервенираат, полицијата најчесто вели „Тоа си е ваша работа, ваша традиција“. Не, малолетничките бракови не се традиција на ромската популација, нив ги има во сите средини, претежно во патријархалните семејства со поинакви сфаќања за улогата на жената. Исто така и покрај тоа што средното образование е задолжително по закон, доколку девојче не се запише во средно школо ретко се преземаат конкретни санкции, а без тоа законот нема да има никакви резултати, велат надлежните. 

Последиците од ризичното сексуално однесување кај девојчињата се многубројните тинејџерски бремености и абортуси и зголемениот број на се помлади лица заразени со сексуално преносливи болести и карцином на грлото на матката.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.