Среде бел ден се крадат автомобили во Скопје

Не поминува ден, а некој автомобил да не биде украден. Ваквата појава станува секојдневие, особено во глaвниот град. 

Според пријавите до полицијата, најчесто се работи за луксузни возила кои чинат над 5 илјади евра.

Крадците пак скоро секогаш се незабелeжaни од сопствениците ниту од околината иако кражбите се случуваат на улици со зголемен интензитет на сообраќај.

Според исказите на сопственици чии возила биле украдени, причина за грабежот е нивната невнимателност.. Најголем дел од нив изјавиле дека возилото го оставале со вклучени трепкачи но и со клучот на бравата за стартување на автомобилот.

Поради ова од полицијата апелираат за поголема внимателност и задолжително заклучување кога се излегува од автомобилите.