Што прво да направите доколку се соочите со кражба на летување во Грција?

Летувањата обично се синоним за убави спомени, освен во случај кога не сте ограбени за време на вашиот престој во друга држава.

За да не доживеете „одмор од пеколот“, на Фејсбук страницата на „Грција Инфо“ осамна известување за сите туристи за се почестите кражби и начинот како да се заштитите од истите.

Туристите се почесто се жалат на кражби во автомобилите во близина на плажа.

-Таа пракса ќе продолжи се додека туристите оставаат документи и пари во автомобилите, пишува „Грција Инфо“. 

Освен што се разбиваат возила, крадците влегуваат и во апратманите, а најчесто за таа намена се користи „шок-спреј“ со кој најчесто крадците прскаат преку прозорците, за полесно да ја извршат кражбата додека станарите се освестуваат. 

Задоа главниот совет е, особено ноќе, да се затвораат сите врати и прозорци, без оглед на жешкото време. 

Парите, докумените и скапоценостите чувајте ги во сеф, или на некое скришно место. 

Доколку сепак сте жртва на кражба во Грција бројот на полицијата е 100.

Најпрвин кражбата треба да ја пријавите кај сопственикот на сместувачкиот капацитет и кај претставникот на туристичката агенција, доколку патувате организирано.