Срцето кое највеќе ве привлекува открива важна љубовна порака од вашето минато

Голем дел од нашите лични предизвици се предизвикани од претходни искуства и потребно е уште време за да ги надминете. Ако постојано ви се повторуваат истите шаблони во вашите односи, тоа можеби е врзано со вашето минато. Да погледнеме штое потребно за да се реши вашата моментална ситуација во љубовното поле.

Сѐ што треба е да го одберете срцето кое највеќе ве привлекува, а потоа да го прочитајте ја својата порака.

Ако го одбравте првото срце: Дајте им шанса на луѓето

Во минатото често ве лажеле и искористувале. Луѓето со кои сте биле опркужени ја користеле вашата добра природа и на крај не ви оставиле ништо. Денес ви е тешко да им верувате на другите и да верувате во нивните искрени намери.

Тоа веројатно влијаело на  тоа да бидете сомничави во љубовните врски, затоа што секогаш се прашувате кои се намерите на другата личност. Иако е мудро да не верувате во сѐ што ќе чуете, сепак има одредена граница по која е нездраво да се биде премногу сомничав.

Ви советуваме да поработите малку на тоа и да не осудувате сѐ и секого уште во првата минута, немојте одма да лепите етикети, односно дајте им на луѓето малку време и простор да ви покажат какви се.

Ако го одбравте второто срце: Граници

Дали сте забележале дека луѓето понекогаш ги поместуваат границите и земаат повеќе отколку што е договорено? Еден од вашите предизвици поврзани со врските е да научите како да останете силни и истрајни во своите ставови. Морате да научите како да кажувате „не“ кога тоа го мислите.

Порано сте биле многу гладни за внимание и одобрување и на сите сте им викале „да“ и така сте го изгубиле својот идентитет затоа што сте сакале секаде да се вклопите и да се сложувате со сите.

Советот за вас е да поставите граници. Можеби нема да им се допаѓате на сите ако тоа го направите, но во спротивно ќе се исцрпите во обидите да им угодите на сите и ќе ја жртвувате вашата среќа. Со текот на време ќе престанете да чувствувате грижа на совест што повеќе не викате „да“ на сите и на сѐ и ќе чувствувате повеќе мир во душата.

Ако го одбравте третото срце: Страв од продолжување понатаму

Вам ви е тешко да ги раскинете односите со отровните луѓе и ситуации. Оваа борба произлегува од минатото кога луѓето нагло ги снемувало од вашиот живот. И вие тогаш сте се чувствувале осамени. Сега нема да ви недостасуваат здрави, топли и балансирани односи, па сосема е во ред да излезете од хаосот и отровноста.

Ако не сте среќни во некоја ситуација или однос, тогаш најдобро е да се тргнете од таа нездрава состојба и да си дадете малку време да заздравите, а потоа да го отворите вашето срце затоа што пред вас се многу радости и убави моменти.