Според Конфучиј, човек треба да избегнува три типови луѓе во животот

Низ животот се соочуваме со различни луѓе: позитивни, нежни, негативни... Создаваме најразлични врски, некои од нив се искрени и трајни, а некои можат многу да не’ разочараат и да ни донесат тага.

Древниот мислител и филозоф Конфучиј зборувал за луѓето кои треба да се избегнуваат. Според него, еве кои три типови луѓе треба да ги избегнувате за да спречите разочарување и скршено срце:

Прв тип

„Чувајте се од оние кои сакаат да ви припишат вина, затоа што тие копнеат за власт над вас.“

Луѓето кои се незадоволни до својот живот, ги обвинуваат сите околу себе. Помеѓу неостварениот потенцијал на човекот и глупавите жалби поради фактот дека ништо не му се дава на послужавник, постои разлика. Научите да ја правите оваа разлика и избегнувајте врски со луѓе кои имаат негативен став кон сите работи и луѓе.

Втор тип

„Силната личност поставува барања кон себе, слабата личност ги поставува кон другите.“

Тоа е личност која од вас бара многу промени, но кај себе не забележува грешки. Во романтичните врски, ова е партнерот кој од вас бара да промените изглед, стил, интереси, пријатели... Овие луѓе се наклонети кон манипулирање, па бидете многу внимателни со нив. Запомнете, не се менувајте за никого, освен за себеси. 

Третиот тип

„Чувајте се од оние кои ветуваат се’ за ништо.“

Луѓе кои постојано ветуваат нешто, без никаква причина, сакаат да ѝ се приближат на таа личност, но нивните ветувања никогаш не се претворуваат во дела. Ова е личност која ви нуди помош дури и кога не ја барате, ви ветува големи работи, но само ве завлекува во голем круг на манипулации и лаги.

Конфучиј открива и што да правиме со оние кои не’ повредиле и разочарале?

„Однесувајте се кон сите љубезно и со почит, дури и кон оние кои се груби кон вас. Не затоа што се достојни луѓе, туку затоа што вие сте достојна личност.“