Конфучие: Секоја личност може да биде наш учител - ако е добра, да бидеме како неа, но ако е лоша, да го поправиме тоа кај себе

Ви издојуваме некои од најдобрите и најмудрите животни лекции кои можеме да ги научиме од Конфучие.

Бидете секогаш во движење. Не е важно колку брзо се движите, важно е да не стоите во место.

Наострете ги своите алатки. Успехот во животот зависи од нашата волја. Потребно е секој ден да ги наостриме нашите алатки, бидејќи така полесно ќе работиме.

Кога станува јасно дека не можеме да ја постигнеме целта, не треба да ја менуваме, туку да се промениме за да ја оствариме зацртаната цел.

Не е важно каде одите, важно е да го следите своето срце.

Нашето окружување ја одредува нашата иднина. Никогаш не се дружете со луѓе кои му пречат на вашиот напредок.

Лесно е да се мрази, тешко е да се сака. Така е уреден нашиот свет.

Секоја личност може да биде наш учител. Ако е добра, да бидеме како неа. Ако е лоша, да го поправиме тоа кај себе.