Совети на младите мајки во врска со доењето

Како полесно да ги совладате првите денови на мајчинството и потполно да уживате во вашата нова улога!

Мали брадавици

Тоа претставува технички проблем, кој за да се реши треба вежбање. Односно, за време на бременоста треба повремено да се „извлекуваат“. Постојат и т.н. „шешири“ кои ги заменуваат брадавиците но експретите не ги препорачуваат. Истите никогаш нема да го дојат бебето како што треба бидејќи често извлекуваат преголема количина на млеко.

Млекото само тече

На некои мајки млекото само им тече штом помислат на своето дете или слушнат детски плач. Додека дојат од едната страна, неретко млекото им навира од другата. Тоа е проблем кој се јавува само во првите месеци, за подоцна да исчезне потполно. Постојат влошки кои се вметнуваат во градникот и кои ќе ве спасат од флеки или непријатни ситуации.

Болни брадавици

Силата со која цицаат децата е голема, па често се случува мајките да имаат болки при доењето. За да го избегнете ова променете ја положбата на детето. Дозволете му покомотно да се намести и нема да ви создава болки.

Застој на млекото

Во првата или втората недела по породувањето, се случуваат промени во мајчиното тело и млекото надоаѓа во поголеми количини. Доколку детето не го исцица, градите ќе отежнат и ќе почнат да болат. Задолжително е градите да се изпразнат. Постојат неколку начини да се направи истото. Празнењето ќе оди полесно доколку претходно ставите топли облоги или се истуширате со топла вода.

Маститис

Воспаление на градите. Дојките се воспалени и отечени, со видливи црвенила во вид на линии. Ставете ладни облоги и побарајте помош од лекар. Со доење можете да продолжите откако ќе почнете да земате антибиотици.

Траење на доењето

Доењето би требало да трае помеѓу 10 и 30 минути. Некои бебиња брзо се хранат, на некои им треба повеќе време, некои дури и заспиваат за време на доењето. Доколку бебето заспие треба да го разбудите за да доврши. Доењето подолго од 40 минути, или пократко од 10 минути може да направи проблем.

Колку често?

Желудникот на децата се празни брзо, но и при секое доење бебето не цица иста количина. Не постои правило колку пати треба бебето да се дои. Најпаметно е да  се храни по потреба, кога самото ќе побара.