Сообраќајка вечерва кај Мавровка, се судрија седум возила

Седум автомобили се судија кај Мавровка. Несреќата се случила пред подвозникот, а според неофицијалните информации, нема повредени лица.

На социјалните мрежи, вечерва се споделуваат видеа од несреќата. Според информациите на очевидци прво се судриле четири возила, а позади нив други три автомобили.

Полицијата извршила увид, а причинета е материјална штета.