Сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во северозападните делови со услови за појава на краткотраен дожд.

- Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени, извести УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степен.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со свежи утра, со појава на мала до умерена облачност и со благо покачување на дневната температура. Во недела од крајот на денот ќе се зголемува облачноста и во понеделник ќе преовладува претежно облачно време со умерен до повремено пороен дожд, појава на грмежи и засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.