Собранието остана без струја заради невремето, на пауза ставен изборот за нова влада

Пратениците попладнево ја продолжија расправата за новата влада, која треба да биде избрана најдоцна до полноќ, но седницата беше прекината поради прекин со напојување со електрична енергија поради невремето во Скопје. Од Собранието велат дека седницата ќе продолжи откако ќе се надминат техничките проблеми предизвикани од невремето. 

Делови од Скопје вечерва се зафатени од невреме проследено со дожд и грмотевици, неколку улици во градот се непроодни за сообраќај.