Со језивата елка ќе живееме 3-4 недели, но како со Арсовска уште две години, праша новинарката Јордановска

Новинарката Мери Јордановска ја прозва градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, констатирајќи дека Скопје функционира „под клуч“. 

Јордановска реагира за нетранспарентноста на Арсовска, додека новогодишната елка на плоштадот ја оценува како минлив проблем. 

- Језивата елка на плоштад е само една одлика на целото "владеење" на Данела Арсовска, кое искрено не знам како ќе го преживееме. Како да стои времето. Елката е синоним за тоа како најнетранспарентно можеш да потрошиш 30.000 евра (според нејзино кажување), за да накитиш, без да распишеш тендер. Од каде Арсовска избра кој и како годинава треба да го "блесне" градот? Елката е синоним како може еднаш да не одговориш на новинарски прашања, а притоа да плаќаш портпарол, еднаш да не одржиш брифинг со новинари, еднаш да не одржиш прес конференција, еднаш да не се појавиш на советнички прашања. Елката, тој грев од елка, ќе се тргне за 3-4 недели, вели новинарката Јордановска и додава: 

- Туку со Арсовска, која буквално во секој жител на Град Скопје гледа непријател, како ќе живееме уште 2 години, а и со последиците за кои допрво ќе дознаваме, оти Град Скопје функционира под клуч?!