Дотичната градоначалничка, заедно со раководството на ЈСП, нека повелат на утринско возење во 57-ца, порача Радовановиќ

Новинарката Ирена Радовановиќ е уште една во низата кои јавно изнесоа критика за јавниот превоз во главниот град. 

Вели, ова што се случува со најпрометната линија во Скопје, 57-ца, сите граници ги помина и го раскажа искуството кое го сведочела утрово.

- Жално. Возрасна жена во инвалидска количка не успеа да влезе во 57-ца на автобуска постојка во Бутел. Автобусот преполн. Возачот не беше виновен оти тој пред него автобус не поминал, бил дефект. Некои му забележаа дека требаше да ја прими и покрај гужвата.

А како да ја прими кога немаше игла кај да падне.

Ова што се случува со најпрометната линија во Скопје, 57-ца, сите граници ги помина. Околу 9:00 немаше автобус 35 минути. Тоа за оваа линија значи од Радишани до Бутел, автобусот да е преполн.

Се симнав на пазарчето. Принудена поради гужвата и ги гледам новите социјални згради и си викам, како целиот овој народ ќе се движи. 57-ца вози на иста релација над 30 години.

Скопје не е исто од пред 30 години.

На оваа релација треба или почесто автобуси, како што беше пред Данела да стане градоначалничка или да се воведат уште нови линии.

Дотичната градоначалничка, заедно со раководството на ЈСП, нека повелат на утринско возење во 57-ца. Додуша сеедно кое време, 57-ца секогаш е преполна, порача таа на својот фејсбук профил.